Дома Фудбал Лига на шампиони Челзи рутински, нула во Виљареал🎥

Челзи рутински, нула во Виљареал🎥

Виљареал и Јувентус одиграа реми 1:1, додека Челзи со една нога е во четвртфинале после победата над Лил (2:0).

„Старата дама“ одлично го започна мечот и дојде до водство после само 32 секунди. Влаховиќ со мајсторија дојде до својот прв гол во Лигата на шампиони.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


До крајот на полувремето Виљареал се обидуваше да израмни, но Јувентус се закануваше со контранапади и беше поопасен.

Во вториот дел домаќините заиграа подобро и стигнаа до израмнување во 66-та минута со голот на Дани Парехо, што на крајот се покажа како конечен резултат, па патникот во четвртфиналето ќе се решава во Торино.

Челзи ја оправда улогата на фаворит против Лил и се доближи до четвртфиналето, иако гостите покажаа дека на моменти се достоен противник.

„Сините“ уште во 8-та минута дојда до водство со голот на Хаверц, а конечните 2:0 ги постави Пашалиќ во 64-та минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

ФИФА на познат клуб му забрани трансфери на играчи до следната година

Бразилците сега најавуваат дека ќе се обидат што побрзо да постигнат договор со Американци…