Дома Фудбал Англија Челзи не крена раце: Ќе успее ли оваа зима да го донесе долгопосакуваниот Бразилец од редовите на „Старата дама“?! (ВИДЕО)

Челзи не крена раце: Ќе успее ли оваа зима да го донесе долгопосакуваниот Бразилец од редовите на „Старата дама“?! (ВИДЕО)

Раководството на англискиот шампион Челзи, му понуди на Јувентус 56 милиони евра оштета за бразилскиот фудбалер, Алекс Сандро.

„Плавите“ и тренерот Антонио Конте и изминатото лето се обидоа да го ангажираат Бразилецот, но Јувентус ги одби сите понуди. Меѓутоа, медиумите на Апенините наведуваат дека раководството на „Старата дама“ ја променило одлуката и веќе оваа зима може да го пуштат Сандро.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Голем интерес за неговите услуги покажаа и Манчестер Јунајтед, и Манчестер Сити, но „Плавите“ засега нудат најмногу.

Сандро оваа сезона во 19 службени натпревари постигна еден погодок и запиша пет асистенции. Бразилецот во Јувентус пристигна во 2015. година од Порто за 26 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гостивар до навивачите: Ве изневеривме – ви дадовме лажна надеж за титула!

Eкипата на Гостивар на социјалните се огласи по вчерашниот пораз од Беса со 2-1 со што ја …