Дома Топ вести Челзи не застанува, следен е Кимпембе

Челзи не застанува, следен е Кимпембе

Челзи е исклучително активен на трансфер пазарот, особено кога се во прашање дефанзивците.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако „сините“ денес го договорија трансферот на Кулибали од Наполи за 40 милиони евра сега ќе се насочат кон друга дефанзивец.

Станува збор за капитенот на ПСЖ и француски репрезентативец, Преснел Кимпембе, кој е голема желба на тренерот Томас Тухел.

Тухел сака да донесе двајца врвни дефанзивци после заминувањето на Рудигер и Кристенсен, па со Кимпембе и Кулибали ќе направи бедем во одбраната.

ПСЖ е спремен да го продаде Кимпембе и за неговата слобода бара 50 милиони евра, сума која Челзи нема да има проблем да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…