Дома Трансфер зона Челзи не запира: Започна преговори за ѕвездата на Лестер

Челзи не запира: Започна преговори за ѕвездата на Лестер

Челзи ова лето сака значително да го засили тимот и ќе биде многу активен на трансфер пазарот.

Вчера како „бомба“ одекна веста дека е пред реализација трансферот на Тимо Вернер од Лајпциг за кого „сините“ ќе ја платат откупната клаузула од 60 милини евра.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Лампард сака да ја засили одбраната, поточно левата бековска позиција, па веќе започнал преговори со Лестер за трансфер на Бен Чилвел.

Чилвел е приоритет за таа позиција, но нема да биде лесно да затоа што Лестер за неговата слобода бара 50 милиони евра.

Чилвел сезонава има 28 натпревари со учинок од два гола и четири асистенции. Неговиот договор има важност до 2024 година, па поради тоа Лестер може да си дозволи да бара висока сума.

Доколку не успее да го договори Чилвел, Челзи ќе се насочи кон играчот на Ајакс, Николас Таљафико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…