Дома Топ вести Челзи му ја „краде“ големата желба на Манчестер Јунајтед

Челзи му ја „краде“ големата желба на Манчестер Јунајтед

Челзи се вклучи во трката за големата желба на Манчестер Јунајтед, ѕвездата на Ајакс, Ентони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


22-годишниот Ентони блесна оваа сезона во дресот на Ајакс и се промовираше во еден од најголемите таленти во светот.

Бразилецот игра како крилен напаѓач и оваа сезона постигна 12 гола и 10 асистенции, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Првата понуда од Манчестер Јунајтед беше одбиена, а сега во трката за Бразилецот се вклучи и Челзи. „Сините“ веќе стапиле во контакт со агентите на напаѓачот и сакаат да го „украдат“ пред носот на големиот ривал.

Челзи откако ја загуби трката за Рафиња, сега е спремен да ја плати сумата од 60 милиони евра која Ајакс ја бара за 22-годишниот крилен напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…