Челзи ова лето направи вистински „бум“ на трансфер пазарот и потроши рекордна сума од 273,5 милиони фунти.
Меѓутоа, Челзи не ги реализира сите трансфери што посакуваше, па веќе почна да работи на нови засилување и веќе го договори трансферот на Нкунку од Лајпциг.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи преговара со уште еден играч на Лајпциг, а станува збор за дефанзивецот Јошко Гвардиол.
Во клубот веруваат дека Гвардиол ќе биде наследник на Тиаго Силва,а Лајпциг во летниот преоден рок одби понуда од 80 милиони фунти за него.
Гвардиол потпиша нов договор со германскиот бундеслигаш кој ќе има важност до јуни 2027 година, но Челзи не се откажува.
„Сините“ сакаат да го купат Гвардиол во јануари за 90 милиони евра и да го остават во Лајпциг до крајот на сезоната.