Раководството на Челзи не планира да запира со засилувањата во зимскиот преоден рок, пренесуваат медиумите на Островот.
Лондонскиот тим веќе потроши повеќе од 150 милиони евра за трансферите на Мудрик, Бадијачиле, Давид Фофана и позајмицата на Жоао Феликс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега „сините“ сакаат да „украдат“ уште една голема желба на Арсенал, а стануба збор за Тросар од Брајтон.
Тросар влезе во последната година од договорот и за него покрај Челзи интерес покажуваат уште Арсенал и Тотенхем.
27-годишниот белгиски репрезентативец игра фантастично од почетокот на сезоната и самиот сака да направи чекор напред во кариерата.