Дома Трансфер зона Челзи и Јунајтед го сакаат дефанзивецот на Наполи

Челзи и Јунајтед го сакаат дефанзивецот на Наполи

Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали е спремен на крајот на сезоната да ја промени средината и да се пресели во Премиер лигата.

Најсилен интерес за него покажува Челзи, кој на лето сака да донесе најмалку еден квалитетен дефанзивец.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Сините“ на лето готово сигурно ќе останат без Рудигер, па се во потрага по дефанзивец, а Кулибали е на врвот на листата желби.

Интерес за Сенегалецот покажува и Манчестер Јунајтед, бидејќи „црвените ѓаволи“ веруваат дека ќе биде идеален партнер за Варан.

30-годишниот Кулибали сака да го напушти Наполи и верува дека сега е вистинското време да направи чекор напред во кариерата.

Англиските клубови стапиле во контакт со агентот на Кулибали и ја започнале битката за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…