Дома Топ вести Челзи даде зелено светло, Зијех се сели во Милан

Челзи даде зелено светло, Зијех се сели во Милан

Хаким Зијех е многу блиску до трансфер во Милан, откако раководството на Челзи го стави на трансфер листа Мароканецот, пренесува „Скај Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Сините“ од Лондон ќе се засилат со Рахим Стерлинг и нема да има место за Зијех во тимот и му порачале дека слободно може да си бара нов клуб.

Најсилен интерес за него покажува италијанскиот шампион Милан, а Зијех веќе има договор со „росонерите“.

Во Милано добија зелено светло за привлекување на поранешниот играч на Ајакс, а тој ќе биде доведен на позајмица, со опција за откуп.

Милан ќе плати 5 милиони евра за позајмицата, а следното лето ќе може да го откупи Мароканецот за 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…