Дома Трансфер зона Челзи го купува дефанзивецот на Баерн

Челзи го купува дефанзивецот на Баерн

Дефанзивецот на Баерн, Бенџамин Павард би можел кариерата да ја продолжи во Челзи, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иднината на 26-годишниот Французин е прилично неизвесна откако Германците потпишаа договор со Матијас де Лихт од Јувентус. Се погласно се зборува дека може да биде продаден, а кандидати за неговиот потпис не недостасуваат.

Според информациите, Челзи  будно ја следи ситуацијата околу дефанзивецот и е спремен да испрати понуда во наредните денови. Самиот играч преферира преселба во Премиер лигата.

Павард беше донесен во Баерн од Штутгарт во 2019 година за 35 милиони евра. Досега за Баварците има 119 настапи, 5 гола и 11 асистенции.

Тоје француски интернационалец, а Баерн за неговата слобода бара помеѓу 30 и 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…