Дома Фудбал Челзи го испраќа на позајмици, но тој не се откажува: Ќе се вратам како подобар играч

Челзи го испраќа на позајмици, но тој не се откажува: Ќе се вратам како подобар играч

Мичу Батшуаи игра одлично, но никако да добие шанса во Челзи.

Челзи и оваа сезона се откажа од Батшуаи, но изгледа не за долго.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Овој напаѓач немаше простор покрај Оливие Жиру и Алваро Мората во формацијата на Маурицио Сари, па повторно беше испратен на позајмица за разлика од минатата година кога беше во Дортмунд, сега е во Валенсија.

Според последната изјава на Батшауи тој нема да остане во шпанскиот клуб после завршувањето на сезоната.

„Не, не барам трансфер. Имам многу почит за Челзи и го сакам тој клуб. Позајмицата е важна за мојот развој, да покажам колку сум добар во силни клубови, ќе се вратам во Челзи како подар играч“, изјави Батшуаи.

Белгискиот напаѓач има 24 години и нема сомневање дека во таборот на „сините“ ќе размислат за негово враќање посебно после слабите настапи на Оливие Жиру и Алваро Мората на стартот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од Баерн отфрлија каква и да е можност за разделба со Олисе

Раководството на Баерн Минхен категорично ги отфрли гласините дека ќе го продаде својата ѕ…