Челзи ова лето направи вистински „бум“ на трансфер пазарот и потроши рекордна сума од 273,5 милиони фунти.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Меѓутоа, Челзи не ги реализира сите трансфери што посакуваше, па веќе почна да работи на зимски засилувања.
Една од големите желби на тренерот Томас Тухел беше Јошко Гвардиол од Лајпциг, за кого во клубот веруваат дека ќе биде наследник на Тиаго Силва.
Челзи за неговиот потпис понуди 90 милиони евра, но Лајпциг не беше спремен да го продаде ова лето и му понуди нов договор.
Гвардиол потпиша нов договор со германскиот бундеслигаш кој ќе има важност до јуни 2027 година, но Челзи не се откажува.
„Сините“ сакаат да го купат Гвардиол во јануари за 90 милиони евра и да го остават во Лајпциг до крајот на сезоната.