Тренерот на Барселона, Чави Ернандез изјави дека првата цел на тимот во Лигата на шампиони е да се пласира во осминафинале, а потоа и да се освои турнирот.
Барселона е во тешка група заедно со Баерн Минхен, Интер и Викторија Плзен, па Чави знае дека нема да биде лесно да се пласира во следната фаза.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
„Ова е Лигата на шампиони и за нас е привилегија повторно да играме на овој турнир. Утрешниот натпревар ќе биде тежок за нас, бидејќи Викторија нема што да загуби. Се соочивме со прилично комплицирана група, најтешка во последните години. Мораме барем да стигнеме до осминафиналето, тоа е нашата првична цел. Тогаш ќе видиме. Соништата се бесплатни и зошто да не победиме на овој турнир? Да не сакав, ќе останев дома. Но, мора да почнеме со освојување на трите бода утре“, изјави Чави.
„Ќе се натпреваруваме и ќе сонуваме за триумф во Лигата на шампионите. Не можам да замислам да играм без победа, но мора да бидеме многу скромни. Очекувањата се доста високи, но мора да бидеме свесни дека секој натпревар ќе биде тежок. Ќе се натпреваруваме, но и ќе сонуваме“, додаде тренерот на Каталонците.