Дома Топ вести Чави лут на новинарите: Не ми дозволивте да бидам Алекс Фергусон во Барселона

Чави лут на новинарите: Не ми дозволивте да бидам Алекс Фергусон во Барселона

Чави Ернандез нема да биде тренер на Барселона од следната сезона, потврди самиот после синоќешниот натпревар против Виљареал.

Чави потврди дека неговиот договор нема да биде продолжен и дека на лето ќе си замине од „Камп Ноу“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Играчката легенда на Каталонците нема да го одработи докрај договорот кој му истекуваше во 2025 година, а ги обвини новинарите дека и тие имаат вина за тоа.

„Кога доаѓав, којзнае колку пати бев прашан дали јас ќе бидам Алекс Фергусон на Барселона. Вистината е дека тоа никогаш нема да се случи, а вие новинарите сте тие кои не ми дозволија такво нешто. Многу е тешко да бидеш тренер на Барселона, секојдневно гледаш како жестоко те критикуваат, тоа влијае на мене“, изјави лутиот Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Еден од најважните фудбалери на Шкендија ја заврши сезоната поради повреда

Еден од клучните фудбалери на Шкендија, Решат Рамадани, заработи сериозна повреда на натпр…