Иднината на Лео Меси е главна тема откако стана јасно дека Аргентинецот ќе го напушти ПСЖ како слободен агент.
Барселона долго време се обидува да го добие потписот на Лионел Меси, но има голема конкуренција бидејќи Аргентинецот има богата понуда од Саудиска Арабија.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Чави Ернандез смета дека неговиот поранешен соиграч сака да се врати во Барселона и дека клубот има предност во преговорите.
„Ситуацијата е во рацете на претседателот Жоан Лапорта и таткото на Меси, Хорхе, па ќе видиме што ќе се случи, но мислам дека Барселона има предност во преговорите за Лео“, изјави Чави.