Фудбалерот на Баерн Минхен Чаби Алонсо призна дека би сакал повторно да игра заедно со Кристиано Роналдо, но овој пат во баварскиот гигант.
Алонсо добро го знае Португалецот и неговите способности и квалитети, бидјеќи имаше можност да соработува со него додека го носеше дресот на „кралевите“.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Кристиано се адаптираше на теренот, тој не е централен напаѓач, ама сака да игра блиску во шестнаесетникот. Тој интуитивно знае каде ќе оди топката, многу од погодоците ги дава по прв допир“, истакна Алонсо.
„Сметам дека му оди добро, со тоа што направи чекор напред и е се поблиску во казнениот простор. Се додека дава по 50 голови, сакам да имаме некого како него во Баерн. Неговите бројки се фантастични, неверојатни“, заклучи Шпанецот.