Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е силно зинтересиран за ѕвездата на Вест Хем, Дмитри Паје и сака да го донесе на „Олд Трафорд“ во зимскиот преоден рок.
29-годишниот француски репрезентативец оваа сезона не игра на посакуваното ниво во дресот на „чеканите“, откако блесна на ЕП, но и самиот истакна дека сака да ја промени средината.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Црвените ѓаволи” се подготвени да платат 40 милиони евра за неговиот потпис, и му нудат многу поголема плата од онаа која ја заработува во Вест Хем.
Проблем пред Јунајтед е што „чеканите“ не сакаат и да слушаат за разделба со Паје во зимскиот преоден рок, особено поради фактот што оваа сезона имаат лоши резултати.