Андрија Максимовиќ со само 17 години е стандарден репрезентативец на Црвена Звезда, а во саботата го запиша и своето деби за репрезентацијата на Србија.
Поради неговата возраст многумина го споредуваат со Ламин Јамал со кого се иста генерација.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега германскиот новинар на „Скај Спорт“ ,Флоријан Петернберг тврди дека неколку гиганти веќе ги следат неговите настапи. Најконкретна наводно била Борусија Дортмунд која на Звезда според информациите е спремна да и плати 15 милиони евра.
Во случај ваквите најави да се остварат Максимовиќ би станал најскап фудбалер во историјата на српскиот клуб. Рекордот засега го држи Горан Дурлиќ за кого Црвена Звезда заработи 13 милиони евра со продажбата во Сарагоса во 2001 година.
Помеѓу најскапо платените играчи на Звезда е и Дарко Панчев со сумата од 12 милиони евра за преселба во Интер. Одлично заработи српскиот клуб и кога Дејан Станковиќ премина во Лацио во 1998 година (12.4 милиони евра).