Дома Фудбал Светско првенство во фудбал „Црвената фурија“ останува без селектор – Шпанија ќе му врачи отказ на Лопатеги

„Црвената фурија“ останува без селектор – Шпанија ќе му врачи отказ на Лопатеги

Реал Мадрид вчера на големо изненадување потврди дека актуелниот селектор на Шпанија, Јулен Лопатеги ќе биде нов тренер на „кралскиот“ клуб.

Реал ја активирал откупната клаузула на Лопатеги во неговиот договор со Федерацијата од 2 милиони евра и го осигура неговиот потпис.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Шпанската јавност е бесна и разочарана што на само два дена пред почетокот на Мундијалот беше објавена ваква вест, па „АС“ пренесува дека луѓето од Федерацијата размислуваат да му врачат отказ на Лопатеги.

Лопетеги денес ќе се појави пред медиумите во Русија заедно со првиот човек на федерацијата, а предвидувањата се дека може да биде соопштен неговиот отказ.

Доколку навистина се сличи тоа ќе предизвика хаос во редовите на „црвената фурија“ на само еден ден пред Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…