Стефанос Циципас е сензационално елиминиран од олимпискиот турнир во Токио.
Циципас беше еден од фаворите за медал, но денес го заврши настапот со поразот од Французинот Уго Умбер. После повеќе од два часа Циципас беше поразен со 2:6, 7:5 и 6:2. Треба да се спомене дека третиот носител заработи една мала повреда и подоцна не се врати во мечот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Противник на Умбер во следното коло ќе биде Карен Хачанов кој го победи Диего Шварцман од Аргентина. Медведев, Нишикори и Карено-Буста претходно го обезбедија четвртфиналето. Таму се очекува да се пласираат и Зверев и Ѓоковиќ кои своите натпревари ги играат подоцна.