Грчкиот тенисер Стефанос Циципас за првпат ќе игра во финале на еден Грен Слем турнир.
Oдличниот Грк во денешното полуфинале го совлада Александар Зверев со 3:2 во сетови 6:3, 6:3, 4:6, 4:6 и 6:3. Доминантно Циципас влезе во мечот и го одзема сервисот на Зверев веќе во вториот гем и на крајот без поголеми проблеми ја сочува предноста до крајот на првиот сет кој го доби 6:3.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На отварањето на првиот сет Зверев беше одличен. Тој овој пат беше првиот кој направи брејк во вториот гем, имаше предност од 3:0, но тогаш како да застане. Зверев ги изгуби следните три гема на свој сервис, Циципас лесно завршуваше и на крајот го доби вториот сет со 6:3 за високи 2:0 во сетови.
Циципас лошо го отвори третиот сет. Зверев повторно му одзема сервис на самиот почеток, а овој пат успеа да го задржи и да го добие сетот со 6:4. Така намали на 2:1. Германецот одлично го отвори третиот сет. Новиот брејк и сигурниот сервис му обезбедија предност на самото отварање, а предноста ја држеше до самиот крај на овој сет кој го доби со 6:4 и така изедначи на 2:2.
Сепак, во одлучувачкиот сет Циципас беше подобар и на крајот се радуваше на финале. За грчкиот тенисер ова е прво финале на Грен слемовите.