Роџер Федерер доживеа пораз од 17 години помладиот ривал Стефанос Циципас во првото полуфинале на завршниот Мастер во Лондон. Гркот славеше со 6:3 и 6:4.
Иако легендарниот Швајцарец беше голем фаворит Циципас одигра одличен меч и заслужено после два сета помина понатаму. Во финалето Циципас ќе игра против подобриот од Доминик Тим и Александар Зверев.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Федерер е рекордер по бројот на титули во последниот турнир во годината, а до мечот за пласман дојде со победа над големиот ривал Новак Ѓоковиќ. Во тој меч Роџер блескаше, меѓутоа денес не беше на тоа ниво.