Манчестер Сити имаше план да го донесе Матео Ковачиќ, но Реал Мадрид не сака да се откаже од својот фудбалер.
Иако не игра важна улога во Мадрид и главно шанса добива од клупата, во Реал одлучиле дека Ковачиќ е потенцијал од кој нема лесно да се откажат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Така Кралевите одлучиле за играчот кој не е стартер во тимот да му постават откупна цена од 80 милиони евра, а тоа е премногу и за богатиот Манчестер Сити, чиј менаџер Пеп Гвардиола веќе неколку време се интересира за Ковачиќ.
Хрватот во 2015. година пристигна во Мадрид, три пати ја освои ЛШ, а вкупно освои дури девет трофеи. И сам верува дека сега може да добие вистинска шанса откако Лопетеги го превзема тимот, а истиот го напушти Кристијано Роналдо.