Денес се одигра одложениот натпревар во ПМФЛ помеѓу Струга ТЛ и Ренова, а на крајот домаќинот дојде до победа со гол во последните моменти од натпреварот.
Целиот натпревар помина во главна израмнета игра, Струга го искористи и тоа што од 64. минута играше со играч повеќе откако исклучен беше Медин Бајрами.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Клучниот момент на натпреварот се случи во 92. минута кога Дејан Цветановски погоди за победа. Треба да се спомене дека Цветановски во игра влезе во 84. минута. Струга со оваа победа дојде на само еден бод (26) од Ренова и Македонија Ѓорче Петров на петтата и шестата позиција.