Хрватскиот фудбалер Андреј Крамариќ би можел по осум години да го напушти Хофенхајм и кариерата да ја продолжи во Италија.
Неговиот агент Винченцо Каваљере истакна дека 32-годишниот напаѓач има понуди од Апенините и веќе во јануари би можел да заигра во Италија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Крамариќ ги следи случувањата во Италија и е убеден дека може да биде стартер во било кој тим. Хофенхајм сака да го задржи, но се може да се случи“, изјави Каваљере и додаде:
„Профилот на Андреј е привлечен за големите клубови, многу брзо би можело да се случи да ја промени средината“, изјави неговиот агент.
Во изминатите осум години Крамариќ испиша историја во Хофенхајм постигнувајќи 123 гола на 267 натпревари, покрај тоа додаде и 51 асистенција.