После скандалот со кометаторот на ХРТ, Драго Ќосиќ, Хрватска се соочува со нов и тоа на иста тема – препродажба на билети за Мундијалот!
Не се работи за било кого легендата на хрватскиот фудбал и денешен претседател на Фудбалскиот сојуз во оваа земја, Давор Шукер!
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Медиумите во Хрватска пренесуваат дека ФИФА има големи сомневања дека билетите кои биле наменети за семејствата на фудбалерите не завршиле онаму за каде што биле планирани. Наводно, во тек е истрагата против првиот човек на федерацијата, Давор Шукер.
„Незаконската продажа на билети се смета за сериозен прекршок на правилата и законите. Во овој момент сме во потрага по информации и не би можеле да кажеме нешто повеќе“, соопштија од ФИФА.
Се додава дека Шукер според некои информации бил главниот во целата работа. Бројката која фудбалскиот сојуз ја добил само за финалето изнесувала 700 влезници, а голем дел од нив завршиле на црниот пазар.