Дома Фудбал Останато Холандското чудо брка рекорди: Единствени се со победи на сите натпревари од почетокот на сезоната

Холандското чудо брка рекорди: Единствени се со победи на сите натпревари од почетокот на сезоната

Само еден клуб во Европа остана непоразен во домашните првенства, а тоа е холандскиот ПСВ Ајндховен.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


ПСВ игра фантастична сезона и зад себе има 15 победи во 15 лигашки натпревари. До минатиот викенд друштво на ПСВ му правеше малиот Вритус од Сан Марино, но овој тим доживеа пораз од Космос во првенството, па сега ПСВ остана единствен.

Иако 15 победи од стартот на сезоната е нешто неверојатно, тоа сепак се уште не е рекорд во Ередизвизие. Рекордот е поставен исто така од ПСВ кој во сезоната 1987/1988 запиша 17 победи на 17 натпревари.

Рекордот во цела Европа го држи португалска Бенфика кој во сезоната 1972/1973 запиша 23 победи на 23 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шкендија не знае да губи, финалето го заврши со скандалозен потег!

Изненадувачки потег на фудбалерите на Шкендија по финалето од Купот на Македонија. По пора…