Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкендија патува со одлична предност, Најденов во финишот погоди за реми на Работнички!

Шкендија патува со одлична предност, Најденов во финишот погоди за реми на Работнички!

Македонските претставници во квалификациите од Лигата на Европа денес ги одиграа своите натпревари.

Шкендија одигра одлично и во Финска ќе патува со предност од 3:1, додека екипата на Работнички запиша минимален пораз од 0:1.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Натпреварот за македонскиот претставник не започна баш најдобро, Финците преку еден комичен гол стигнаа до предност во 35 минута од натпреварот, десет минути подоцна Ибраими изедначи од пенал.

Екипата на Работнички во натпревар со по неколку шанси и на двете страни одигра 1:1 против Динамо Минск.

За „романтичарите“ ова реми може да се смета како добар резултат со оглед на тоа дека погодокот за изедначување го постигна Најденов во 92 минута со удар од белата точка.

Погодокот за гостите беше дело на Квачински во 53 минута. Освен тоа Работнички од 83 минута играше без исклучениот Сахити кој заработи црвен картон во 83 минута од средбата.

 

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Првото нерешено на Ливерпул сезонава не го стопли “Енфилд”

Ливерпул не успеа да го надгради успехот и релативно добрата игра против Вест Хем пред нек…