Дома Фудбал Херој на денот: Играч на Фенер совлада два хулигани. Едниот имаше и ладно оружје

Херој на денот: Играч на Фенер совлада два хулигани. Едниот имаше и ладно оружје

БРАЈТ ОСАИ-САМУЕЛ (26), десното крило на Фенербахче и нигериската репрезентација, е херојот на немирите, незапамтени ниту во дивиот турски фудбал. Стампедото и тепачката по дербито Трабзонспор – Фенербахче (2:3) во 30. коло од турскиот шампионат ја згрози турската и светската фудбалска јавност.

Доминик Ливаковиќ помина најлошо во хаосот. На голманот на Фенер и на хрватската репрезентација му е укажана помош во деветтата минута од судиското надополнување, а некој од трибините со непознат предмет, го удрил Ливаковиќ во главата, по што започна крварење.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Набргу потоа судијата означи крај, по што играчите на Фенербахче бурно ја прославија големата победа. Ова ги налути навивачите на Трабзон. Тие втрчаа во теренот од повеќе страни и ги нападнаа противничките фудбалери.

Додека некои од играчите гледаа да спасат жива глава и бегаа кон соблекувалните, на другиот крај од теренот Осаи-Самуел не побегна, туку покажа неверојатна храброст. Иако беше опкружен со десетици диви хулигани, тој им се спротивстави и самиот тргна во контранапад против нив. Тоа го направи спектакуларно и на тој начин се спаси себеси и соиграчите од тешки последици.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Видео Отаменди го провоцираше Винициус со своите тетоважи. Снимката стана вирална

Возбудлив натпревар одиграа Бенфика и Реал во првиот меч од плејофот за елиминациска фаза …