Дома Фудбал Англија Хари Кејн го напушта Тотенхем и прави мега-трансфер во Серија А!?

Хари Кејн го напушта Тотенхем и прави мега-трансфер во Серија А!?

Италијанските медиуми откриваат дека Хари Кејн од следната сезона ќе заигра на „чизмата“.

Имено, напаѓачот на Тотенхем и капитен на оваа екипа сака да игра во Лига на шампиони и да се бори за сите трофеи во сезоната.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според моменталната ситуација во Премиер лигата, лондонскиот клуб тешко дека ќе дојде до 4. место кое води во најелитното европско натпреварување. За титулата во ПЛ може само да сонува.

Па затоа, репрезентативецот на Англија ќе сака да биде продаден. Претседателот на клубот Даниел Леви не сака да се откаже од неговите услуги за помалку од 150 милиони евра.

Самиот играч, според информациите до кои дојдоа италијанските медиуми изразил желба да ги засили редовите на Јувентус.

Кејн има 26. години и во дресот на Тотенхем одигра 278 натпревари и постигна 181 погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус се вклучи во трката за Шешко

Голгетерот на Лајпциг Бенџамин Шешко беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазаро…