Дома Останати Кошарка НБА Харден и Вестбрук заедно броеа до 77, Јанис и Милвоки без проблеми против Никси (ВИДЕО)

Харден и Вестбрук заедно броеа до 77, Јанис и Милвоки без проблеми против Никси (ВИДЕО)

Oсум натпревари беа одиграни во најсилната кошаркарска лига во светот, а вреди да се издвои новата победа на во овој момент најдобриот тим во лигата Милвоки и новата одлична вечер на Џејмс Харден.

Хјустон на гости го совладаа Феникс со 139:125. Незапирливи за Феникс беа Џејмс Харден и Расел Вестбрук, кои заедно уфрлија 77 поени. Натпреварот Харден го заврши со 47 поени, Вестбрук додаде 30, а Кели Оубре кај Фениск 26 поени.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот тим во лигата Милвоки лесно го победи Њујорк Никси со резултат 123:102. Миделтон со 23 поени, Јанис Антетокумпо со трипл-дабл учинок од 22 поени, 11 скокови и 10 асистенции ги одведоа Бакси до нов триумф.

Спенсер Динвиди одигра уште еден одличен натпревар и уфрли 39 поени, а на другата страна не помонга ниту Трае Јанг со 47 поени.

НБА резултати:

Бруклин – Атланта 122:112

Детроит – Чикаго 107:119

Филаделфија – Вашингтон 125:108

Њујорк – Милвоки 102:123

Мемфис – Сакраменто 119:115

Сан Антонио – ЛА Клиперс 125:139

Феникс – Хјустон 125:139

Портланд – Минестоа 113:106

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…