Дома Кошарка Харден испишуваше историја – изедначи рекорд на Коби и напрви нешто кое никој не го направил!

Харден испишуваше историја – изедначи рекорд на Коби и напрви нешто кое никој не го направил!

Џејмс Харден изминатата вечер одигра уште еден фантастичен натпревар во победата на неговиот тим против Кливленд од 141:113.

Кливленд оваа сезона е еден од најлошите тимови во лигата, па Харден буквално ги уништи. НБА ѕвездата стигна до трипл-дабл учинок од 43 поени, 12 асистенции и 10 скокови.

Она што е посебно неверојатно што Харден тоа го направи за само 29 минути и 34 секунди игра. Така тој стана првиот кошаркар во НБА лигата кој стигнал до трипл-дабл со најмалку 40 поени за помалку од половина час поминат на паркетот.

Покрај ова Харден со овој поентерски учинок стигна до просек од 40.5 поени по натпревар на последните 15 натпревари. Такво нешто претходно му успеало само уште на Коби Брајант во 1976 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Викенд за продолжување на сериите: Феникс и Вардар пред домашни тестови

Ангели и Охрид се следните противници на непоразените Феникс 2010 и Вардар. Петтата рунда …