Дома Фудбал Останато Хаос во Бразил: Прекинато дербито, агенти апсеа фудбалери на терен 🎥

Хаос во Бразил: Прекинато дербито, агенти апсеа фудбалери на терен 🎥

Јужноамериканското дерби помеѓу Бразил и Аргентина во квалификациите за пласман на СП е прекинато поради прекршување на протоколите за Ковид.

Имено, Бразил наложува карантин за сите патници од Британија, а со оглед дека во селекцијата на Аргентина има четворица играчи кои доаѓаат од Премиерлигата беше утврдено дека го прекушиле протоколот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Станува збор за играчите на Аргентина, Емилијано Мартинез, Џовани Ло Селсо, Кристијан Ромеро и Еми Буендиа кои наводно дале погрешни информации, а кога им биле проверени пасошите било утврдено дека не го испочитувале протоколот.

Агенти на министерството за здравство влегоа на терен во почетните минути  и тргнаа да ги „ловат“ споменатите играчи.

Натпреварот беше најпрво прекинат, а потоа ФИФА одлучи истиот да не продолжи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познати двојките во полуфиналето на ФА купот – кој ќе го освои пехарот?

Фудбалерите на Манчестер сити ќе играат во полуфиналето на ФА купот против Саутемптон, как…