Голманот на Интер, Самир Хандановиќ заработи повреда пред вчерашниот меч против Удинезе, а денес од клубот потврдија дека има скршеница на малиот прст на левата рака.
„Хандановиќ помина прегледи по повредата на левата рака на тренинг. Резултатите покажаа дека скршил прст. Неговата состојба постојано ја следиме“, соопштија од Интер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ова значи дека многу веројатно Словенец ќе го пропушти дербито со Милан следната недела.
Шанса ќе добие голманот Даниеле Падели, кој се покажа во одлично светло на мечот со Удинезе.