Самир Хандановиќ е еден од најдоврите голмани во Серија А и веќе неколку години клучен фудбалер на Интер, па по се изгледа ќе остане до крајот на кариерата на „Џузепе Меаца“.
Неговиот агент Фали Рамадани веќе постигна договор со раководството, па 34-годишниот Хандановиќ ќе потпише нов договор со „нероаѕурите“.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Словенецот во 2012 година пристигна на „Џуземе Меаца“, па следната година најверојатно ќе му се оствари сонот конечно да заигра во Лигата на шампиони.
Според новиот договор Хандановиќ ќе остане во Интер до 2021 година и годишно ќе заработува 3.2 милиони евра по сезона.
Тој изминатите години имаше понуди од Премиер лигата, но реши да остане верен на Интер, каде најверојатно ќе ја заврши кариерата.