Дома Останати Авто Мото Хамилтон може да остане без настап на трката во Монако?

Хамилтон може да остане без настап на трката во Монако?

Возачот на Мерцедес и седумкратен светски шампион во Ф1, Луис Хамилтон би можел да добие забрана за настап на трката за Големата награда на Монако ако не го тргне накитот од носот.

Британски „Дејли Мејл“ објави дека Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) им забранува на возачите да носат накит во болидите.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


ФИА му даде време на Хамилтон да го тргне накитот, по што британскиот возач доби предупредување, а ако не ги почитува правилата, тогаш ќе добие казна.

Хамилтон претходно кажа дека не сака да го тргне пирсот затоа што е потребна хируршка интервенција, но сепак ќе мора да ги почитува правилата ако сака да вози во „најбрзиот циркус“ во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Ферстапен најбрз во квалификациите во С. Арабија

Макс Ферстапен ќе стартува од пол-позцијата на утрешната трка за Големата награда на Сауди…