Колумбискиот фудбалер, Хамес Родригез игра на позајмица во Баерн и очигледно повеќе нема намера да се врати во Реал Мадрид.
Хамес во Реал пристигна летото 2014. година како големо засилување од Монако, но не ги оправда очекувањата на „Сантијаго Бернабеу“. Од доаѓањето на Зинедин Зидан на клупата на Реал, падна во вториот план и очекувано беше да си замине.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Реал се договори за двегодишна позајмица во Баерн, но изгледа дека Хамес би можел следното лето и официјално да стане фудбалер на Баерн. Колумбиецот нема намера да се врати во Реал Мадрид, барем додека Зидан е на клупата на овој клуб.
„Сакам да останам во Баерн и многу сум среќен тука. Не мислам за некои други опции, бидејќи Бундеслигата е навистина одлична. Што повеќе играм така полека се враќам во стариот ритам и среќем сум поради тоа. Зидан? Секој тренер има свои идеи и тоа го почитувам. Сепак, жал ми е што не бев дел од тоа, иако постигнував голови и редовно асистирав“, изјави Хамес.