Ерлинг Халанд е еден од најголемите фудбалски таленти, па сигурно неговата иднина ќе биде главна тема следното лето.
Весникот „АС“ тврди дека Халанд ќе биде една од главните трансфер цели на Реал Мадрид на лето, а и самиот Норвежанец преферира преселба во „кралскиот“ клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Халанд ставил и „лајк“ на сликата од стадионот на Реал Мадрид „Сантиаго Бернабеу“, која овие денови стана вирална после снежната идила која го зафати Мадрид.
Весникот овој потег на Халанд го гледа како „флертување“ со шпанскиот клуб и дека ќе му даде предност на Реал пред останатите клубови.
Халанд оваа сезона во Борусија Дортмунд постигна 19 гола на 16 меча и на лето се очекува голема борба на гигантите за неговиот потпис.