Дома Фудбал Англија Халанд трагичар, Арсенал слави: Сити не го победи Нотингем! 🎥

Халанд трагичар, Арсенал слави: Сити не го победи Нотингем! 🎥

Нотингем Форест приреди големо изненадување во Премиер лигата откако денес на домашен терен остана непоразен против Манчестер Сити кој беше голем фаворит во денешниот натпревар.

Манчестер Сити се враќа од Нотингем со само бод и така Арсенал ќе остане лидер на табелата со два бода предност и натпревар помалку. Ќе потсетиме, Арсенал денес претходно ја победи Астон Вила со 2:4.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Доминираше Манчестер Сити, доволен податок за тоа се 22-те удари кон голот на Кејлор Навас, Нотингем имаше само четири и тоа само еден во рамките од голот. До водство „граѓаните“ стигнаа во 41-та минута преку Бернардо Силва и на пауза саминаа со 0:1.

Продолжија да се редат шанси и во второто полувреме, најголемите две прилики во еден напад ги пропушти Ерлинг Халанд.

Кога не ги искористија своите шанси стигна казната во 84-тата минута Вуд го искористи додавањето од Гибс Вајт и ја смести топката во мрежата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…