Дома Топ вести Халанд: Сити беше најдобар избор, Реал дури на трето место

Халанд: Сити беше најдобар избор, Реал дури на трето место

Ерлинг Халанд откри детали за неговиот трансфер во Манчестер Сити ова лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Халанд беше најбараниот фудбалер на трансфер пазарот и се одлучи да се пресели на „Етихад“, каде  блеска и во првите 10 меча постигна дури 14 погодоци, со што сруши повеќе рекорди во англискиот фудбал.

Документарниот филм „Халанд – големата одлука“ откри каков бил списокот на заинтересирани клубови за норвешкиот напаѓач.

„Манчестер Сити беше најдобар клуб на нашата листа, а потоа следеше Баерн Минхен, додека Реал Мадрид беше на трето место. Имаше уште неколку тимови кои беа заинтересирани, а тоа се ПСЖ, Ливерпул, Челзи и Барселона“, открива Халанд.

Голема улога во неговиот избор одиграл спортскиот проект, но и тренерот со кого ќе работи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…