Серхио Рамос не доби повик во репрезентацијата на Шпанија за Светското првенство, Луис Енрике одби да објаснува зошто искусниот дефанзивец на ПСЖ не се најде помеѓу повиканите.
Иако Рамос е на залезот на кариерата голем дел од шпанската јавност смета дека морал да добие повик. Оваа одлука со изненадување е дочекана и во Париз, затоа што ниту соиграчите на Рамос од ПСЖ не можат да веруваат дека не доби повик за Мундијалот кој сигурно ќе беше негов последен во кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На социјалните мрежи се огласи Ашраф Хакими кој јасно порача што мисли за одлуката на селекторот Луис Енрике.
„Серхио Рамос е најдобриот дефанзивец во светот“, напиша Хакими откако Енрике го соопшти списокот.
Последниот натпревар Рамос за Шпанија го одигра на 31. март минатата година против Косово, а потоа не се наоѓаше на списокот поради повредите со кои имаше проблем во текот на минатата сезона.
Сепак, откако се врати во форма и започна да игра високо ниво се очекуваше Енрике да го врати во репрезентацијата, но тоа не се случи.