Фудбалската федерација на Македонија денеска изрече суспензија и за теренеот на Башкими во Куманово поради инцидентот кој се случи по натпреварот со Беласица.
По овој дуел нападнати биле судиите, а на еден од нив му било оштетено и возилото.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„ФФМ информира дека Комисијата за натпревари на ФФМ на денес одржаната седница донесе одлука според членовите 41,42 и 75 од Правилник за натпревари на ФФМ за СУСПЕНЗИЈА на Стадион „БАШКИМИ“ Куманово поради присуство на неслужбени лица на теренот веднаш по завршување на натпревар во рамки на 4 коло на Втора МФЛ помеѓу екипите на ФК Башкими 1947 АД – ФК Беласица АД одигран на 25.09.2024 година во Куманово. Стадионот „БАШКИМИ“ Куманово е суспендиран се до донесување на одлука на ДК на ФФМ. Суспензијата стапува на сила веднаш“, објави ФФМ.
Ова е трет стадион суспендиран во само една недела, претходно поради инциденти ФФМ забрани своите натпревари на домашен терен да ги играат Тиквеш и Вардар Куманово.