Дома Фудбал Англија Фудбалерот на Реал донесе одлука – бара трансфер во Ливерпул

Фудбалерот на Реал донесе одлука – бара трансфер во Ливерпул

Веќе неколку месеци европските медиуми пишуваат дека талентираниот фудбалер на Реал Мадрид, Дани Себалјос би можел да премине во Ливерпул, а сега се појавија информации дека тој и самиот побарал трансфер од раководството на Кралевите.

Имено, 21-годишниот Себалјос не доби многу прилика од Зинедин Зидан да го покаже својот талент и одлучен е да го напушти Сантијаго Бернабеу.

Според пишувањата на Марка, тој својот план да премине во Ливерпул го кажал на првиот човек на Реал, Флорентино Перез, од кој побарал да го одобри неговиот трансфер во екипата на Јирген Клоп.

Инаку, Себалјос оваа сезона има само 18 настапи во дресот на Реал во сите натпреварувања.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Талентираниот Цисе од Милан: „Покажав само 70% од моите способности“

Младиот Алфаджо Цисе од Милан вели дека досега покажал само 70% од своите способности, иак…