Дома Фудбал Англија Фудбалерите од Англија потрошиле ВРТОГЛАВА сума на агенти

Фудбалерите од Англија потрошиле ВРТОГЛАВА сума на агенти

Клубовите, членовите на англиската Премиер лига, платиле вкупно 211 милиони фунти на менаџерите минатата година, што е за 37 милиони повеќе од 2016. година, покажува новиот извештај.

Ливерпул потроши најмногу пари, дури 26,8 милиони фунти, според податоците на Фудбалската асоцијација на Англија за периодот од 1. февруари 2017. година до 31 јануари 2018. година. Клуобовите кои се натпреваруваат во петте највисоки рангови на провизијата на агенти потришиле 257 милиони фунти, што е истот така пораст од 37 милиони во однос на истиот период минатата година.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Членот на националната лига Олдершот потроши најмалку – само 112 фунти. Податоците кои ги објави раководството на англискиот фудбал минатата година покажаа поаст од 38% во провизиите за 12 месеци – од 160 милиони фунти на 220 милиони. Минатогодишните податоци покажуваат дека клубовите во Чемпионшип потрошиле 42,4 милиони, што е пораст од 62%, но сега забележале мал пад, бидејќи за агентите потрошиле 100,000 помалку.

Мал пораст е забележан во Лига 1, со 3,1 милиони на 3,5 милиони. Клубовите од Лига 2 потрошиле 958,969, во споредба од претходните 821,450…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Италија со пресврт ја победи Албанија

Репрезентацијата на Италија потешко од очекувањата ја победи Албанија со 2:1 на стартот на…