Дома Фудбал Останато Фудбалерите на Горица тренираа среде ноќ за да не пијат алкохол 🎥

Фудбалерите на Горица тренираа среде ноќ за да не пијат алкохол 🎥

Необична ситуации беше забележана во хрватскиот фудбал по натпреварот во ХНЛ во кој Горица на гости славеше против Шибеник со 0:4.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено тренерот на Горица, Жељко Сопиќ одлучи да им закаже тренинг на своите фудбалери среде ноќ во еден часот по полноќ.

„Ако ве разбуди силна светлина во Велика Горица, не се грижете. Тоа се нашите рефлектори, фудбалерите тренираат“, објави клубот.

Тренерот Сопиќ објасни дека тренингот бил превентива за неговите фудбалери да не испијат премногу алкохол.

„Сега моите фудбалери ќе се изнапијат алкохол, како да не знаат дека во еден часот по полноќ ги очекува тренинг по враќањето во Горица, а ги чека! Мора да го исфрлат алкохолот од својот систем“, изјави Сопиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Традиција: Веќе 44 години никој не успеа да ги расипе нивните планови во првиот круг на Мундијалот

На Светските првенства речиси и да не постои репрезентација која од турнир во турнир успев…