Легендарниот француски фудбалер Жан-Пјер Папен жестоко го критикуваше напаѓачкото трио на Пари Сен Жермен.
Освојувачот на „Златната топка“ од 1991 година смета дека Нејмар, Мбапе и Кавани би морале повеќе да се посветат на тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тие не се херои туку егоисти. Без оглед на статусот кој го имаш секогаш мораш да бидеш во служба на тимот. Зошто во Ливерпул сите играчи можат да играат во одбраната? Квалитетот не е спорен, но мораат да бидат повеќе посветени, така сите би имале корист од нивниот квалитет“.
„Не е важно кој колкава ѕвезда е. Проектот на клубот е освојување на Лигата на шампионите, ако тоа не го разберат самите фудбалери, никогаш нема ниту да успеат во таа цел“, изјави Папен.
Ќе потсетиме, ПСЖ во првото около од Лигата на шмпионите запиша пораз од Ливерпул на „Енфилд“ со резултат 3:2. Во претходните две сезони настапот во Лигата на шампионите го завршуваа во осминафиналето.