Дома Фудбал Франција ја победи Аргентина и се пласира во полуфиналето на ОИ

Франција ја победи Аргентина и се пласира во полуфиналето на ОИ

Француската фудбалска репрезентација се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри, откако во Бордо ја совлада Аргентина во четвртфиналето со резултат 1:0.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Жан-Филип Матета во петтата минута.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Веднаш по крајот на натпреварот дојде до физичка пресметка меѓу играчите. Сè траеше околу две минути пред да се разделат ривалите. Наводно, метеж имало и во тунелот што води кон соблекувалните.

Пред, за време и по натпреварот, домашната публика ги исвиркуваше фудбалерите на Аргентина и нивниот селектор Хавиер Маскерано.

Во полуфиналните мечеви на олимпискиот турнир на 5 август Франција ќе игра против Египет, додека Шпанија за ривал ќе го има Мароко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кристијано Роналдо: Наскоро ќе се повлечам! Веројатно ќе плачам, но ќе бидам подготвен

Британскиот новинар Пирс Морган започна да открива уште делови од големото интервју со Кри…