Дома Фудбал Англија ФОТО: Салах е брз, но тој е дури 18. на листата на најбрзи оваа сезона во Премиер лигата

ФОТО: Салах е брз, но тој е дури 18. на листата на најбрзи оваа сезона во Премиер лигата

Брзината отсекогаш била еден од клучните атрибути во Премиер лигата, па островските клубови секогаш се во потрага по нови брзи играчи.

Еден од оние кои ги оставаат противниците во прашина и оваа сезона е сензационалниот Мохамед Салах. Сепак, играчот на Ливерпул, верувале или не, е на 18. место на листата на најбрзи фудбалери оваа сезона во Премиер лигата.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Салах оваа сезона доби многу признанија, а брзината е нешто што, со останатите квалитети, го прави незапирилив за противничката одбрана. Така оваа сезона, Салах достигна брзина од 34,93 км/х, но тоа не беше доволно да се најде меѓу најбрзите фудбалери во Премиер лигата.

Египѓанецот така беше малку побрз од својот соиграч Алекс Окслејд-Чембрплен и Садио Мане, додека „разочараа“ играчите на Арсенал Хектор Белерин и Пјер Емерик-Обамејанг кој се наоѓаат на 13., односно 14. место. ТОП 10 е резервирано и за некои неочекувани имиња. Така Лорен Кошчиелни, Антонио Рудигер, Кајл Вокер, Патрик Ван Анхолт и Кико Фермина го одбранија лицето на дефанзивците и покажаа дека не само напаѓачите се способни да „притиснат на гасот“.

Бекот на Кристал Палас, Ван Анголт за само малку не е на провот место, кое му припадна на играчот на Манчестер Сити, Лерој Сане. Сане до првото место дојде со брзина од 35,48 км/х.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Навивачите подготвиле специјална кореографија, Пеп им порача: Донесете ја сметката, јас ќе платам

Во последно време во јавноста се шпекулира дека актуелната сезона може да биде последна за…