Со трансферот на Бразилецот, Каталонците дојдоа до сума од 312.5 милиони евра, и таа сума нема да биде конечна, бидејќи до крајот на месецот се очекува Барса да го комплетира трансферот на младиот централен бек Мина од Палмериас.
Колку за потсетување, Барселона оваа сезона ги доведе Осман Дембеле (105 милиони евра) од Дортмунд, Паулињо (40 милиони) од Гуангжу Евергранде, Нелсон Семедо (35.5 милиони) од Бенфика, Делофеу (12 милиони) од Евертон и Марлон (5 милиони) од Флуминенсе.
Со тие 312.5 милиони евра, Барселона од потрошувачкиот трон го симна најголемиот ривал, Реал Мадрид и онаа позната зума од 2009/10., кога на „Сантијаго Бернабеу“ пристигнаа ѕвезди како што се Роналдо (94 милиони евра), Кака (65 милиони), Чаби Алонсо (35,4 милиони) и Карим Бензема (35 милиони).
Таа сезона „Мадриѓаните“ ги ангажираа и Раул Албиол, Негредо, Арбелоа, Гранеро, Гарај, но за многу помали суми. Се до оваа зима вкупната сума беше доволно голема за Реал да остане рекордер.
Еве го и историскиот ранг на листата на клубови по трошење во една сезона:
Можеби сте изненадени што Барселона е пред ПСЖ, кој минатото лето со Нејмар го доведе и Килијан Мбапе, но клучот е во тоа што француската тинејџерска сензација и понатаму е на позајмица, и оние 185 милиони евра за неговиот надомест ќе се „пресметаат“ од следното лето, а со тоа ќе се префрлат и во следната сезона. Дури тогаш Мбапе ќе стане официјално вториот најскап играч на планетата.
Кога станува збор за листата на најголеми потрошувачи од лето до денес, зад Барса се Манчестер Сити, ПСЖ, Челзи, Милан и Евертон.
Сегашната листа на потрошувачи оваа сезона: