Како што веќе пишувавме Пари Сен Жермен ги претстави дресовите за сезоната 2018/2019, а новата гарнитура ја промовира – Нејмар!
Во прв момент не е чудно што Нејмар е избран како заштитно лице, но секако дека е поради гласините кои го селат во Реал Мадрид и кои се зачестени во последните неколку денови.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Дури и денешното издание на „Марка“ излезе со вест во која најавува дека Реал Мадрид стартува со „операцијата“ Нејмар.
Од ПСЖ со ваквиот потег сигурно дека јасно ставаат до знаење што мислат за заминувањето на Нејмар и веројатно моментот на објавувањето не е никаква случајност.
??
La nouvelle collection domicile pour la saison 18/19 ! pic.twitter.com/aJ90ATgVdD
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) May 11, 2018